2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо 15 години прв пад за Coca-Cola

По 15 години прв пад за Coca-Cola

M

Количината на газирани пијалоци кои „Coca-Cola“ ги продаде низ целиот свет е намалена, за прв пат во последните 15 години.

Од компанијата соопштија дека нето профитот во првиот квартал од оваа година е намален за осум проценти на годишно ниво.

Профитот за три месеци изнесувал 1,62 милијарди долари или 0,36 долари по акција. Приходите на компанијата се намалени за четири проценти во однос на првите три месеци од минатата година, на 10,57 милијарди долари. Ревидираната добивка по акија на „Coca-Cola“ е 0,44 долари по акција.

Посебен пад а продажбата, повеќе од 10 проценти, е забележан во Велика Британија.

На падот на продажбата во светот, влијаеле повеќе фактори, како што е притисокот од лекарите кои се против газираните пијалоци кои содржат големи количини на шеќер, во време кога владее голема кампања за здрава исхрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП