28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоранешниот директор на ЦИА Дејвид Петреус сака да инвестира во Србија

Поранешниот директор на ЦИА Дејвид Петреус сака да инвестира во Србија

David Petraeus

Поранешниот директор на ЦИА, генерал Дејвид Петреус, кој е претставник на еден меѓународен инвестициски фонд, денеска со српскиот вицепремиер и кандидат за иден претседател на владата на Србија, Александар Вучиќ разговараше за можностите за инвестиции во земјата.

Во соопштение на српската Влада се наведува дека Петреус, кој раководи со инвестицискиот фонд „ККР Глобал Институт“ со мисија да ја истражува улогата на централните банки и ризиците во земјите со нови пазарни економии, изјавил дека компанијата сака „Белград да го претвори во регионален центар на информатичката индустрија“.

Петреус изјави дека сака подобрување на бизнис климата во Србија, нагласувајќи дека сака да привлече дополнителни инвестиции во земјата.

– ККР сака да биде партнер на Србија, да помогне за зголемување на инвестициите и да придонесе за економскиот развој на земјата, изјави Петреус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП