17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка 2013 година ја заврши со добивка од 153 милиони денари

Охридска банка 2013 година ја заврши со добивка од 153 милиони денари

O

Охридска банка изминатата година ја заврши со нето добивка од 153 милиони денари, или за 20 проценти поголема од онаа во 2012 година.

– Во 2013 година, Охридска банка постигна нови остварувања во согласност со поставените стратешки цели, забележа пораст на бизнисот и ја одржа активната поддршка на клиентите наспроти отежнатата пазарна средина. Притоа постигна континуиран долгорочен позитивен тренд со зголемување на кредитите за 8,3 проценти, на средствата за 4,0 проценти, а беше остварен и подобрен коефициент на трошоци на 65,7 проценти, соопштија денеска од Охридска Банка.

Оттаму истакнуваат оти било постигнато поволно ниво на нето чинењето на ризикот, со вклучен позитивен ефект врз нивото на резервации и постигнатиот резултат на позначајна наплата во овој период.

– Порастот на перформансите и на профитабилноста е значаен за Охридска банка, но исто така претставува значаен поттик за порастот на банкарскиот сектор во Република Македонија. Кредитите пораснаа над просекот за секторот, на тој начин придонесувајќи со 10 проценти, се вели во соопштението.

Во него се додава оти билансот на состојбата на Охридска банка со 31 декември 2013 година изнесува 28 милијарди денари што, како се посочува во соопштението, и овозможува на Банката да ја потврди и зајакне позицијата на четврта голема банка во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП