10 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо февруари за 0,1 отсто повисоки продажните цени на производители на индустриски...

Во февруари за 0,1 отсто повисоки продажните цени на производители на индустриски производи

proizvodi-600x450-564x272

Во февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,1 процент на месечно ниво, а на годишно се пониски за 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во февруари во споредба со јануари годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторите „рударство и вадење камен за 0,8 проценти, „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,5 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ се на исто ниво.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во февруари годимнава, во однос на февруари лани, се пониски во секторите „рударство и вадење камен“ за 4,7 проценти, „преработувачка индустрија“ за 3,1 процент и во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 2,8 проценти.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во февруари годинава се повисоки за 0,7 проценти на месечно ниво, а на годишно пониски за 3,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП