8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонскиот криличен домен .мкд регистриран во ICANN

Македонскиот криличен домен .мкд регистриран во ICANN

mkd domen

Интернационалниот кириличен домен за Македонија (.мкд) е успешно регистриран во Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN).

Како што информира Министерството за информатичко општество и јавна администрација, извршниот директор на корпорацијата Фади Шехаде му честитал на министерот Иво Ивановски и му посакал успешна промоција и афирмација на доменот во меѓународниот интернет простор.

– Со воспоставувањето на националниот кириличен домен (.мкд) во меѓународниот интернет простор, направен е голем чекор напред во зацврстувањето на македонскиот јазик и писмо, како атрибути на националниот идентитет на македонскиот народ, се вели во соопштението.

Со националниот домен (.мкд) ќе можат да се регистрираат веб страници на кирилично писмо, односно ќе бидат опфатени карактеристичните букви од македонската азбука како што се Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш и Џ.

Македонија е петтата земја во светот која има кирилична верзија на национален домен по Русија, Србија, Казахстан и Монголија. Барањето до ICANN беше поднесено од страна на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП