2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП го усвои договорот за банкарска унија

ЕП го усвои договорот за банкарска унија

epepparlamentevropa

Европскиот парламент го усвои денес со големо мнозинство договорот за формирање на банкарска унија која треба да го стабилизира финансискиот систем и да го олесни  процесот за преземање на мерки кон проблематичните банки.

Со ова гласање „располагаме со вистински европски систем за надгледување на сите банки во еврозоната и за решавање на нивниот евентуален банкрот, изјави европскиот комесар за финансии Мишел Барниер.

Банкарската унија треба да ја врати меѓусебната доверба на банките и да го поттикне кредитирањето во еврозоната, што ќе придонесе за економски раст во 18 земји кои го користат еврото.

По договорот, фондот од 55 милијарди евра кој ќе биде соберен од придонесите на банките ќе биде изграден во период од осум, наместо 10 години  како што првично беше предвидено.

Договорот и дава на Европската централна банка главна улога во започнувањето на процес на затворање на некои банки и ограничување на можностите на одделни министри да се спротивстават на таквиот потег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП