4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle очекува брз раст на продажбата во вториот квартал

Nestle очекува брз раст на продажбата во вториот квартал

nestlenesnes1

Швајцарската прехранбена компанија „Nestle“ очекува раст на продажбата во вториот квартал од оваа година од пет проценти.

Во првите три месеци од оваа година растот изнесуваше 4,2 проценти на годишно ниво.

Во соопштението на компанијата се наведува дека таа во првиот квартал била соочена со пад на потрошувачката, европските купувачи продолжиле да ги фаворизираат поевтините брендови, додека растот на пазарите на земјите во развој забавил.

Кварталните приходи на „Nestle“ достигнале износ од 20,80 милијарди франци (17,1 милијарди евра), додека аналитичарите во просек предвидуваа 21,46 милијарди.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП