4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГермански RWE ќе испорачува гас за Naftogaz

Германски RWE ќе испорачува гас за Naftogaz

RWE_WEM-MON_001

Вториот најголем германски производител на електрична енергија, компанијата „RWE“, ќе ја обнови испораката на гас за Украина по заканите на Русија дека ќе прекине да ја снабдува оваа земја со гас.

„„RWE“ преку својата филијала „RWE Supply and Trading“, ќе стане првиот европски снабдувач кој ќе започне со испорака на гас за Украина во 2014-та година“, се наведува во соопштението на германската компанија.

„„RWE“ денеска ќе ја обнови испораката на гас на украинската државна компанија „Naftogaz“, со гас од паневропското портфолио. Оваа испорака е предвидена со постоечкиот договор меѓу „Naftogaz“ и „RWE“, потпишан во мај 2012-та, во кој е договорена испорака до десет милијарди кубни метри природен гас годишно“, се наведува во соопштението.

Исто така се додава дека гасот до Украина ќе пристигне преку Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП