ЕКОНОМИЈА

Царината одбележа 22 години од формирањето

carina jubilej

Царинската управа на Македонија денеска одбележа 22 години од основањето како државна институција на управата.

Директорката Нашата Радеска-Крстевска истакна дека по 22 години успешна и напорна работа, денес Царинската управа ја препознаваат по нејзиниот професионализам, ефикасност, транспарентност и доверливост.

– Не препознаваат како служба која е способна да ги олеснува економските активности, успешно да ги спроведува економските политики на Владата, да ги штити економските и фискалните интереси и да ги штити интересите на граѓаните, изјави Радеска-Крстевска.

Ова, според неа, е доволен поттик и во иднина да продолжат да работат уште попосветено во насока на зголемување на конкуретноста на македонската економија преку понатамошно олеснување и забрзување на царинските постапки и намалување на трошоците за компаниите.

На свеченоста организирана по повод 22-годишнината беа презентирани постигнатите резултати од работењето во изминатата година, како и бенефитите од примената на концептот на Овластен економски оператор и Новиот компјутеризиран транзитен систем.

Царинската управа е основана на 14 април 1992 година како државен орган на управата преку донесувањето на Законот за царинска управа од страна на Собранието на Република Македонија.