21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен тендерот за пругата Битола-Кременица

Објавен тендерот за пругата Битола-Кременица

pruga

Европската унија денеска го објави тендерот за градежни работи за реконструкција на железничката пруга Битола-Кременица.

Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони евра која опфаќа обнова на пругата кон Грција со должина од 17 километри, како и изградба на кракот кон индустриската зона Жабени во близина на Битола.

Компаниите кои ќе учествуваат мора да имаат гаранција од 300.000 евра, а онаа што ќе го добие тендерот треба да достави и гаранција во висина од 10 проценти од вредноста на инвестицијата.

На тендерот можат да се јават компании кои во последните три години имале добивка од најмалку 26 милиони евра, а мора да имаат успешно завршено барем една реконструкција или изградба на пруга по која возовите се движат со брзина од 100 километри на час.

Вредноста на завршената работа треба да изнесува најмалку 20 милиони евра.

Тендерот е отворен до 27 мај кога се очекува да бидат отворени понудите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП