5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландска инвестиција во Македонија, ќе отвори 100 работни места

Холандска инвестиција во Македонија, ќе отвори 100 работни места

Teak-Tissue-Culture

Новата браунфилд инвестиција на холандската компанија Р & S Tissue Culture Laboratories во Македонија со 3 милиони евра, ќе отвори најмалку 100 работни места во наредните три години, од кои 35 проценти со високо образование и потребни вештини. Се планира ширење на производството во гринфилд инвестиција.

Генералниот менаџер на Р & S Tissue Culture Laboratories Едвин Рос нагласува дека добрите бизнис услови што ги нуди македонската влада, рамните даноци и едуцираната сила, биле пресудни да донесат одлука да го прошират бизнисот во Македонија, покрај Холандија и Јужна Африка.

– Ние сме фабрика за одгледување растенија, во еколошки чиста околина, без бактерии, во лабораториски услови, пропагираме наш вид холтикултурни семиња во чиста околина. Станува збор за земјоделски сектор, но не во зелени куќи или нешто слично, туку во лаборатории. Запознаени сме за Македонија, мојот колега доаѓа од таму, одлучивме да започнеме таму затоа што инвестициската клима е добра во Македонија, но и затоа што работиме со додадена вредност, па ни требаат добро едуцирани кадри, изјави Рос.

Тој во изјава за ТВ Канал 5 повтори дека добрата бизнис клима, рамните даноци, но и близината до Европа, како што рече, ќе овозможи да бидат снабдени многу клиенти директно.

Според планираното, холанѓаните на есен треба да стартуваат со работа во виничко – кочанскиот регион, а од Македонија производството ќе го извезуваат во Западна Европа.

– Ќе започнеме на крајот на мај, имаме намера да градиме, ќе го разгледаме местото, ќе ангажираме работници. Сакаме време да најдеме добра локација на која подоцна ќе може да изградиме поголем капацитет. За почеток тоа ќе биде брз старт, локација каде ќе можеме да ги запознаеме идните вработени со вештините кои треба да ги поседуваат, вели Рос.

Во Македонија е присутна и холандската Антура која веќе ја објави својата инвестиција и стартуваше со изградба на фабрика, односно лабораторија за семе за цвеќиња. Тишју Калчр Лабораторис заедно со Антура ќе прават заеднички холандски кластер кај нас, а оваа идеја треба да резултира со можност да се приклучат и други вакви компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП