17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен трговскиот суфицит на еврозоната

Зголемен трговскиот суфицит на еврозоната

evrozona3

Трговскиот суфицит на еврозоната е зголемен во февруари во однос на истиот месец минатата година благодарение на растот на извозот, додека увозот остана на истото ниво, соопшти денес европскиот завод за статистика Еуростат.

Извозот од 18 земји кои го користат еврото е зголемен за три проценти, по растот од еден процент во јануари.

Трговскиот суфицит е зголемен на 13,6 милијарди евра во февруари, додека во истиот период минатата година тој изнесуваше 9,8 милијарди евра.

Економското закрепнување на еврозоната во моментов се потпира на извозот, но Европската централна банка соопшти претходно овој месец дека и домашната потрошувачка исто така бележи раст.

Земјите од југоисточна Европа исто така бележат раст на извозот, освен Грција, во која извозот се намали за 6,1 проценти во февруари.

Германија, најголемата економска сила во Европа, оствари раст на извозот за 2,6 проценти во февруари, додека увозот е зголемен за 0,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП