2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOсновачите на Twitter не ги продаваат своите акции

Oсновачите на Twitter не ги продаваат своите акции

akcii tviter

Основачите на „Twitter“, Џек Дорси и Еван Вилијамс, како и извршниот директор на компанијата Ричард Костоло, немаат во план во скоро време да ги продадат своите акции од оваа друштвена мрежа.

Од „Twitter“ истакнуваат дека нивните најголеми акционери известиле дека моментално немаат во план продажба на акциите, пренесуваат светските медиуми.

Вестите доаѓаат неколку недели пред 5-ти мај и истекот на т.н. „lock-up“ период, по кој најголемите акционери ќе можат да тргуваат со своите акции.

Уште еден од големите инвеститори, „Benchmark Venture Capital funds“, исто така наведува дека немаат во скоро време план за продажба на својот удел.

Вредноста на акцијата на „Twitter“ на иницијалната јавна понуда на 7-ми ноември изнесуваше 26 долари, а на 26-ти декември ги достигна максималните 73,31 долари, но во последните три месеци таа е во постојан пад.

Акциите на американската компанија денеска се тргуваа по цена од 41,47 долари или 3,5 проценти повеќе во однос на вчера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП