Директните странски инвестиции во Бугарија во првите два месеци од оваа година се преполовени во однос на истиот период од 2013 година, покажуваат податоците на Бугарската народна банка.
Според официјалните податоци, во првите два месеци вкупната вредност на директните странски инвестиции изнесувала 114,1 милиони евра или 0,3 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, додека во истиот период минатата година инвестициите изнесувале 223,3 милиони евра или шест проценти од БДП.
Од почетокот на годината бугарскиот пазар го напуштија сопствениците на трговските ланци „Пикадили“ и „Практикер“, како и француската банка „Кредит Агрикол“.
Бугарската народна банка во февруари забележа дефицит на тековната сметка од 107,3 милиони евра.