
Прославувајќи ја пролетта, Вип им нуди единствено изненадување на своите постпејд корисници. Имено, почнувајќи од денес па сé до 15 мај 2014 г., сите нови и корисниците кои ќе го обноват својот Вип постпејд договор на 24 месеци ќе имаат единствена можност за претплата од само 555 денари да добијат бесплатни неограничени разговори кон сите мрежи, бесплатни неограничени СМС пораки кон сите мрежи и неограничен интернет вклучени во претплатата. По искоритувањето на вклучениот 1 GB 3G интернет, брзината се намалува на 32 kbps. Корисниците кои во текот на промотивниот период ќе склучат договор заедно со промоцијата го добиваат и одличниот LG Optimus L4 II, Android паметен телефон за цена од 999 денари.

