19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТрикови кои ќе ви помогнат повторно да ја засакате вашата работа

Трикови кои ќе ви помогнат повторно да ја засакате вашата работа

1063483371512c73bda9f79063078340_orig

Не е се така црно: мислете позитивно, бидете реални, средете го вашето биро, пејте и секој ден определете си десет минути за себе и заминувањето на работа повеќе нема да ви биде ноќна мора.

Дури и ако со тешки маки секое утро одите на работа, сепак постојат начини кои ќе ви помогнат да станете барем малку среќни на работното место. За почеток престанете да кажувате колку ја мразите работата, така само ќе ја зголемите фрустрацијата и незадоволството. Бидете реални и подобро кажете како има и многу потешки, понепријатни работни места од вашето, па обидете се да се насочите само кон оние позитивните работи, без оглед дали се многу или е само една. Тоа може да биде добрата глетка низ прозорецот или пак редовната плата.

Изгледот на вашето работно место може многу да влијае на тоа како се чувствувате на работа. На бирото или ѕидот ставете ситници кои ве потсетуваат на вашето семејство или пријателите, инспиративен цитат, плакат со желбите кои сакате да ги постигнете и сл. Исто така, секој ден на работното место определете барем 10 минути за вас и правете го она што вас ве опушта и релаксира.

Запомнете, љубезноста со љубезност се враќа

Работата ќе ви биде многу попријатна доколку сте во близок однос со еден или двајца колеги. Генерално бидете љубезни кон сите и помагајте доколку сте во можност. А оние колеги со кои не можете да најдете заеднички јазик не се обидувајте да ги промените, променете го само вашиот начин на кој реагирате кога тие се непријатни кон вас.

Кога ќе ви стане тешко, пуштете музика, затворете ги очите и запејте

Доколку сте во можност, на работа слушајте музика која ќе ви го подобри расположението, а кога сте под голем стрес, затворете ги очите и замислете дека сте на некое поубаво место. Длабоко дишете и бројте до 10. Сето ова направете го слушајќи ја вашата омилена нумера и ќе забележите како стресот и негативната енергија ве напуштаат.

Трудот никогаш не е залудно потрошено време

Наместо да барате мотивација во други, потрудете се самите себе да си бидете поттикнувачи. Дури и ако вашите претпоставени не го ценат вашиот труд, не се разочарувајте, вежбајте ги совладаните вештини, тие во иднина ќе ви се најдат на новото работно место.

Борбата за своите права на работа ја зајакнува самодовербата

Доколку сте преоптеретени или пак некој ви досадува постојано, немојте да ја правите грешката да молчите додека непотребно ги губите нервите. Борете се за самите себе, кажете што ви смета. На овој начин ќе се изборите со проблемите и ќе си ја зајакнете самодовербата.

Кога сте гладни, навистина не сте свои

Доколку лошо се храните на работа или цел ден не јадете, тоа ќе резултира со замор и деконцентрација. Секогаш трудете се да појадувате, а на работа понесете си здрав оброк. Доколку сте во можност изедете го на свеж воздух, а не зад бирото. Не заборавајте често да пиете вода.

Најтешките задачи завршете ги што побргу

Обидете се да бидете организирани на работа, бидејќи доколку оставите се за последен момент, ќе бидете под голем стрес и ќе се чувствувате незадоволни. Направете си распоред на задачи и придржувајте се до истиот, а најтешките задачи извршете ги одма кога ќе дојдете на работа, додека сеуште се „свежи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП