21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа македонски компании бесплатни штандови на најголемиот кинески саем

За македонски компании бесплатни штандови на најголемиот кинески саем

kina mina

Зголемување на можностите за извоз и отворање нови пазари преку воспоставување директни и непосредни контакти треба да овозможи Меморандумот за соработка што го потпишаа македонските стопански комори со високи претставници на кинески компании од Нингбо.

Пред потпишувањето беа претставени условите што ги нуди Македонија за потенцијалните вложувачи, планот за инвестиции на Кина во Република Македонија, како и придобивките од учеството на претстојниот Меѓународен саем за стоки за широка потрошувачка „ЦИЦГФ –2014“, еден од најголемите и најпрофесионалните во светот, што ќе се одржи во рамки на Министерската конференција за трговија и инвестиции меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа од 8 до 11 јуни годинава.

Како што рече Су Женг од Советот за промоција на трговијата на НР Кина – Потсовет на Нингбо, за 10 македонски компании кои ќе се пријават за учество на Саемот до 22 април годинава ќе бидат обезбедени бесплатни штандови од 9 метри квадратни.

– Амбасадата на НР Кина во Република Македонија ќе обезбеди целосна логистичка поддршка за настап на компаниите од Македонија на Саемот во Нингбо, како и за воспоставување контакти со потенцијални кинески партнери, преку заедничката соработка со коморите, истакна Женг.

На „ЦИЦГФ – 2014“ се преставуваат извозни компании кои сакаат да реалзиираат пласман на нивните прозиводи во НР Кина.

Според Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, и потпишувач на Меморнадумот од македонска страна, саемските манифестации се секогаш корисна алатка за согледување на потенцијалите за настап на одредени пазари, можност за развивање нови деловни партнерства и зголемување на извозните активности на македонските компании.

– Заложба на Стопанската комора е да им помогне на македонските компании да ги зголемат своите можности за извоз, а со отворањето нови пазари да се овозможи воспоставување директни и непосредни контакти каква што е и оваа можност, за учесто на Меѓународниот саем за широка потрошувачка, истакна Пешев.

Македонските и кинеските стопански претставници на синоќешната средба во Министерството за навдорешни работи се согласија дека е неопходно зголемување на македонскиот извоз во Кина со цел намалување на трговскиот дефицит на македонска страна.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во 2013 година достигна вредност од 483,7 милиони долари што претставува пад од 9,4 отсто во однос на претходната година. Остварен е извоз од 103,8 милиони долари или пад од 34,6 проценти, додека увозното салдо изнесува 379,5 милиони долари или раст од 1,2 отсто споредбено со 2012 година.

Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 275,6 милиони долари. Лани, во структурата на извозот се застапени мал број производи, фероникел, вино, мермер и останато со помала вредност. Во увозното салдо, најголемо учество имаат: полиетилен терафталат, ткаенини други плетени или хеклани материјали, како и друг широк асортиман на производи.

Во интерес на зголемување на соработката меѓу македонските компании и компаниите од НР Кина, беше потпишан и Меморандум за соработка. Од македонска страна во име на трите стопански комори (Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија) Меморандумот го потпиша Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, а од кинеската страна Зао Дафанг, генерален секретар на Советот за меѓународна промоција на трговијата – Потсоветот на Нингбо НР Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП