27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ќе воведе санкции против Манчестер Сити и ПСЖ

УЕФА ќе воведе санкции против Манчестер Сити и ПСЖ

man city psg

Манчестер Сити и ПСЖ ќе бидат прогласени за виновни за прекршување на финансискиот ферплеј, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Двата клуба се под детална истрага од страна на УЕФА и ризикуваат да добијат најстроги казни.Има голема веројатност Сити и ПСЖ да бидат казнети со одземање на правото за вршење на трансфери или голема парична казна.

Дискутирање во врска со истрагата ќе се одржи за време на седницата на Независниот орган за финансиска контрола на УЕФА (CFCB), која ќе се одржи во вторник и среда. На неа ќе биде донесена одлуката за степенот на сериозноста на казната кон двата клуба. Според изданието двата клуба нема да бидат исклучени од Лигата на Шампионите.

Од Манчестер Сити и ПСЖ на било кој начин не ги коментира информациите за можната казна од страна на УЕФА. Федерацијата поради прекршување на финансискиот ферплеј истражува повеќе од 20 клуба.

Првиот казнет клуб е Барселона, но казната не е поврзана со финансискиот ферплеј. Шпанскиот клуб нема право да врши трансфери до летото 2015-та година поради нарушување на правилата за вршење на трансфери на странски играчи под 18-годишна возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП