2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на туристи во февруари

Зголемен бројот на туристи во февруари

turistinc;uhwfuo3gfmakedonija569842

Бројот на туристите во февруари годинава изнесува 27.278, а на ноќевањата 60.619, што во однос на истиот месец лани претставува зголемување за 6,6 проценти, односно 3,9 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во февруари годинава, споредено со февруари минатата година, е зголемен за 10,3 проценти, а на странските туристи за 4,1 процент.

Кај ноќевањата на домашните туристи зголемувањето е за 3,6 проценти, а на странските туристи за 4,2 проценти.

Во првите два месеци од годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 1,3 проценти, кај домашните туристи за 0,6 проценти, а кај странските за 1,9 проценти. Кај ноќевањата во јануари и февруари има зголемување за 0,3 проценти, кај домашните туристи намалување за 2,1 процент, а кај странските зголемување за 2,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП