24 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловачка сеуште во дефлација

Словачка сеуште во дефлација

slovachka251622791534c24e4b8d22213496869_640x427

Словачка во март остана во дефлација, бидејќи потрошувачките цени на годишно ниво се намалиле за 0,1 проценти, исто како и во февруари, објави словачкиот Завод за статистика.

Во споредба со претходниот месец, цените на стоката и услугите во март не се променети, додека во февруари, во однос на март се намалени за 0,1 проценти.

Темпото на инфлацијата во земјата забавува веќе подолго време, а на почетокот на оваа година годишната стапка на инфлација стагнираше. На ваквиот развој влијаеше стагнацијата на цените на енергија и забавувањето на поскапувањето на храната.

Цените на стоката и услугите во Словачка во повеќе следени категории во март, исто како и во февруари се поскапени, но тој раст сепак беше неутрализиран од останатите сектори, како што е домувањето кое поевтини за 1,1 проценти.

Словачката централна банка во последната прогноза ја намали проценката за овогодишната инфлација на 0,2 проценти, од претходните 0,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар