28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStatoil: Остануваме во Русија

Statoil: Остануваме во Русија

Statoil-servicestation

Норвешката нафтена компанија „Statoil“ ќе продолжи со своите планирани проекти во Русија и покрај кризата во Украина, порачаа од таа компанија.

Шефот на меѓународното одделение на „Statoil“ за развој и производство, Ларс Кристијан Бахер, изјави дека оваа година се очекува извршување на новите проекти кои предвидуваат нови ископувања во Русија.

„Statoil“ во Русија соработува во неколку проекти со локалната нафтена компанија „Rosneft“.

„Нашата соработка со „Rosneft“ е успешна уште од првиот ден и таа е многу професионална, продолжуваме со активностите“, изјави Бахер.

„Statoil“ е една од ретките меѓународни нафтени компании кои истражуваат нафта во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП