Украинскиот долг за гас треба да биде подмирен и Европската унија мoже да одигра важна улога во сето тоа, изјави министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата.
– Украина има долг од 2,2 милијарди евра, кој е потребно да го подмири и сметам дека ЕУ може да одигра важна улога во тоа, додаде тој.
Аселборн потврди дека денеска е одржана телефонска конференција меѓу министрите за енергетика на ЕУ по прашањето за дистрибуцијата на гас за Украина и за неговиот пренос преку украинска територија.