1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПорасна профитот на Citygroup

Порасна профитот на Citygroup

siti bank

Профитот на американската банка „Citygroup“ порасна во првиот квартал, а со тоа ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Банката во првото тромесечие заработи 4.1 милијарди долари, по одбивањето на данокот, што е за 2.5 проценти повеќе од истиот период од минатата година, кога заработила четири милијарди долари, пренесува агенцијата „AP“.

Заработката по акција изнесува 1.30 долари во донос на 1.29 долари колку што имаа во првиот квартал од 2013-та, надминувајќи ги аналитичарите кои учествуваа во анкетата на агенцијата „FaktSet“ и кои прогнозираа профит од 1.14 долари по акција.

Приходите на „Citygroup“ истовремено се намалени за два проценти на годишно ниво или на 20.1 од 20.6 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа 19.5 милијарди долари.

Акциите на американската банка забележаа раст од 2.8 проценти или 1.27 долари по објавувањето на вестите и утринава се продаваа по 46.97 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП