4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot-Citroen: Oд 45 модели, дo 2020-та ќе бидат само 26!

Peugeot-Citroen: Oд 45 модели, дo 2020-та ќе бидат само 26!

psa pro

За да ја извлече компанијата „Peugeot-Citroen“ (PSA) од кризата во која се наоѓа, новиот шеф, Карлос Таварес има во план да превземе драстични мерки. Една од нив е намалувањето на бројот на модели од сегашните 45 на само 26 до крајот на деценијава.

Таварес е принуден со значително помала понуда на модели која моментално се наоѓа во продажба, да го оптимизира бројот на платформи и така да ги намали трошоците за развој и производство.

Во согласност со намалувањето на бројот на модели, ќе се намали и времето кое потребно за истражување и развој на нови автомобили, затоа што одделението кое е задолжено за оваа дејност ќе ја фокусира својата работа на помал број на возила.

Иако ќе се намали понудата на модели во гамата „Peugeot-Citroen“, Таварес планира да го зголеми вкупниот број на продадени автомобили, а најважен пазар на компанијата за такво нешто ќе биде Кина.

„PSA“ планира со помош на партнерот „Dongfeng“, дo 2020-та тројно да го зголеми производството на своите возила во оваа земја. За да ја постигне таа цел, француската компанија има намера да ги модернизира производните процеси за дополнително да ги намали трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП