20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната се опоравува, но скромно

Еврозоната се опоравува, но скромно

F

Индустриското производство во еврозоната во февруари порасна, покажаа официјалните податоци и со тоа се потврди продолжувањето на скромното закрепнување во тој блок.

Индустриското производство во 18 земји членки на еврозоната во февруари порасна за 0,2 проценти во однос на јануари кога стагнираше, соопшти европската служба за статистика Еуростат, а пренесува агенцијата Франс прес.

Во споредба со февруари минатата година, обемот на индустриското производство во еврозоната е зголемен за 1,7 проценти, додека во целата Европска унија е зголемен за 2,1 проценти.

Податоците за индустриското производство обично се променливи, но аналитичарите тврдат дека денешните последни податоци,се доследни благодарение на зaбрзувањето на економијата на еврозоната.

„Февруарскиот раст на индустриското производство е во согласност со прогнозите, но сеуште е разочарувачки со оглед на падот на производството од декември“, се наведува во соопштението на компанијата „Капитал економикс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП