3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин сам си ја зголеми платата за 2,5 пати

Путин сам си ја зголеми платата за 2,5 пати

1845995017534bd2b3bf8d8664375064_640x493

Претседателот на Русија, Владимир Путин сам си ја зголеми својата плата и платата на премиерот Дмитриј Медведев за 2,56 пати, пренесува агенцијата Итар тас.

Според пресметките Медведев месечно добива нешто повеќе од 215 илјади рубљи (околу 6,000 долари), а Путин околу 280 илјади рубљи (околу 8.000 долари), еден долар чини околу 35,5 рубљи.

Според податоците за платите на високите функционери на Русија, објавени во петокот, Путин минатата година добил повеќе од 3.672.000 рубљи, што е речиси за еден милион рубљи помалку отколку во 2012 година.

Приходите на Медведев се намалиле за речиси 1,5 милион рубљи. Според објавените податоци, тој минатата година добил 4.259.000 рубљи, а во 2012 година повеќе од 5.814.000 рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП