2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо БиХ се очекува економски раст во наредните три години

Во БиХ се очекува економски раст во наредните три години

rastekonomskirastt045 intv5

БиХ во оваа година би можела да оствари економски раст од 2,7 проценти, а во наредната година тој раст би можел да изнесува 3,4 проценти, проценува Дирекцијата за економско планирање на БиХ.

Дирекцијата изнесува предвидувања врз основа на очекуваниот економски раст на некои од важните економски партнери од блиското окружување, како и поради растот во еврозоната.

Прогнозираниот раст на економијата на БиХ би требало, пред се, да биде поттикнат од растот на извозот, зајакнувањето на приватната потрошувачка и инвестициите, додека зајакнувањето на домашната побарувачка би требало да доведе до зголемување на растот на увозот, како и скромно зголемување на надворешно-трговскиот дефицит од два проценти во оваа година.

Очекуваното постепено зајакнување на економскиот раст во еврозоната и непосредното окружување би требало да доведе до понатамошно зајакнување на економскиот раст во БиХ, кој во 2016 година би требало да изнесува 4,3 проценти, а во 2017 година 4,6 проценти.

Понатамошното подобрување во окружувањето би требало да донесе поголема побарувачка за извозот и зајакнување на приливот на пари од странство. Тоа би требало да доведе до постепено зајакнување на економскиот раст на БиХ, пред се зајакнување на извозот, приватната потрошувачка и инвестициите.

Со оглед на тоа што главните претпоставки за проекциите на економскиот раст доаѓаат од надворешниот сектор, тоа е главниот ризик за неговото остварување.

Имено, слабиот економски раст во окружувањето или евентуалната рецесија во иднина би можеле повторно значително да го загрозат економскиот раст на БиХ, предупредува Дирекцијата за економско планирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП