20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGSK подмитувала лекари во Полска

GSK подмитувала лекари во Полска

gsk2

Британскиот производител на лекови, компанијата „GlaxoSmithKline“ е под истрага поради наводно подмитување на лекари во Полска, пишува „BBC“.

Во овој случај се обвинети регионалниот менаџер на компанијата и 11 лекари, а се сомнева дека во корупцијата биле вмешани во периодот од 2010-та до 2012-та година.

Поранешниот продажен претставник на „GSK“ на истражителите најверојатно им рекол дека лекарите биле подмитувани со цел на заболените да им го препишуваат лекот на „GSK“ за астма „Seretide“.

Од фармацевтската компанија потврдија дека еден нивни вработен соработува во истрагата. Локалниот државен обвинител ги пронајде документите во кои е прикажано дека лекарите добивале финансиска надокнада во повеќе од десет медицински центри во полскиот регион Лоѓ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП