2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на електричниот Mercedes B сlasѕ

Започна производството на електричниот Mercedes B сlasѕ

class b electric

Германската компанија во фабриката Раштат го започна сериското производство на својот прв модел на електрична енергија. „Mercedes“ на тој начин се вклучи на пазарот на електрични автомобили каде како главен ривал го очекува „BMW i3“.

„Mercedes B сlasѕ Electric Drive“ визуелно скоро не се разликува од стандардната верзија на овој модел.

За разлика од „BMW“ кој својот „i3“ го разви од нула, како целосно нов модел, компанијата од Штутгарт на проблемот пристапи практично. „Mercedes“ го искористи веќе постоечкиот модел со цел да го намали периодот од претставувањето на прототипот, до почетокот на сериското прозводство, но и ги намали трошоците за развој и производство.

Автомобилот за погон користи електромотор со снага од 180 ks (132 kW) кој развива 320 Nm максимален вртежен момент и кој овозможува овој „Mercedes B сlasѕ“ oд 0 дo 100 km/h да забрза за 7,9 секунди. Максималната брзина електронски е ограничена на 160 km/h, со цел автомобилот да има поголем радиус на движење.

class b electric1

Една од најважните карактеристики за овој вид возила е автономијата на движење со едно полнење на батеријата, а таа кај „Mercedes B сlasѕ“ според фабричките податоци изнесува 200 km, и тоа благодарејќи на литиум-јонските батерии од 28 kWh, кои ги произведува „Tesla Motors“.

Само за споредба, „BMW i3“ користи електромотор од 170 ks (125 kW), a возачот на располагање има 250 Nm вртежен момент. За забрзување од место до „стотка“ му е потребно 7,2 секунди, а максималната брзина изнесува 150 km/h. „BMW“ тврди дека „i3“ со едно полнење на батеријата може да се помине помеѓу 130 и 160 km.

Од „Mercedes“ се уште не соопштија колку време ќе биде потребно да се наполни батеријата, како и неговата цена. Предвидено е првите испораки да започнат во наредните неколку месеци, најпрво на пазарот во САД, по што „Mercedes B сlasѕ Electric Drive“ ќе се најде во продажба во Германија и на другите европски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП