25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран и се нуди на ЕУ како сигурен партнер

Иран и се нуди на ЕУ како сигурен партнер

PLin_0_0_468X10000

Иранските власти понудија да ја снабдуваат ЕУ со природен гас, оценувајќи дека тие може да бидат „сигурен, безбеден и долгорочен партнер“, пишува германскиот весник Ханделсблат.

„Сакаме во иднина да играме важна улога на светскиот пазар за гас. Не сакаме да и бидеме конкуренија на Русија, но знаеме дека во Европа има растечка потреба за гас. Ние сакаме да учествуваме во тоа“, изјави иранскиот министер за индустрија Мухамед Реза Наматзадех.

Според неговите зборови, Иран може да биде „сигурен, безбеден и долгорочен партнер на Европа“.

Руската нафтена компанија Газпром обезбедува околу една третина од вкупната количина на гасот кој го троши ЕУ. Поради украинската криза, ЕУ во моментов често наведува дека ќе ја намали таа своја зависност. Околу 40 проценти од транзитот на тој гас оди преку Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП