7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација за иновативни технологии во културата

Презентација за иновативни технологии во културата

116579365inovativnitehnologii

Британскиот совет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од Скопје денеска организираат презентација за иновативни технологии во културата „КулТИП-култура, технологии, иновации и претприемништво“.

Настанот има за цел да ги доближи технологијата, претприемништвото и културата до студентите по информатички науки и компјутерско инженерство, младите претприемачи, старт-ап компаниите и претставниците на културни институции во Македонија.

На настанот, што ќе се одржи во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ќе учествуваат претставници од културните институции, млади претприемачи, старт-ап компании и студенти кои се занимаваат со развој на софтвер, мобилни апликации и дигитални медиуми.

Предвидено е обраќање на експерти од Велика Британија, кои ќе ги споделат искуствата со колегите од Македонија во вид на презентации и дискусии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП