Американската банка „JP Morgan“ во првиот квартал забележа пад на профитот од 19 проценти, во однос на истиот период во 2013 година, што е значително под очекувањата на аналитичарите.
Како причина за падот на профитот во банката го наведуваат намалувањето на активностите на пазарот, во окружување кое е сеуште скептично во врска со динамиката на економското закрепнување, како и актуелната дебата за монетарната политика во земјата.
Како што пренесува Ројтерс, оваа најголема американска банка во првите три месеци од 2014 година оствари нето профит од 5,27 милијарди долари (3,79 милијарди евра), или 1,28 долари по акција, во однос на 6,53 милијарди долари во истиот период една година претходно.
Финансиските експерти за истиот квартал во просек предвидуваа профит по акција од 1,40 долари.