3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагрозен имиџот на Финска

Загрозен имиџот на Финска

finskawh3737378eued8d8ydfegdehb3u2iuur4

Агенцијата за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ ја намали прогнозата за рејтингот на Финска на „негативна“, со што му наштети на имиџот на земјата со врвен кредитен рејтинг „ААА“.

„S&P“ за намалување на прогнозата за рејтингот на Финска се одлучила поради длабоките структурни демографски и економски дисбаланси кои ги загрозуваат владините настојувања да се постигне фискална консолидација“, се наведува во соопштението на агенцијата, пренесува Франс прес.

Финска долго време се гордееше со тоа што има екстремно строг фискален менаџмент, благодарение на кој никогаш не ги прекршила фискалните прописи на Европската унија. Сепак, во своите најнови прогнози „S&P“ наведува дека бруто домашниот производ (БДП) на Финска забавил за 1,4 проценти во 2013 година, наместо претходно предвиденото забавување од 0,5 проценти.

„Намалувањето на прогнозата е одраз на нашиот став за продолжување на економската стагнација на Финска, чиј просечен БДП по глава на жител во изминатата деценија беше блиску до нулата“, се наведува во соопштението на рејтинг агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП