26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна продажба на Škodа во март и првиот квартал

Рекордна продажба на Škodа во март и првиот квартал

skoda nova

Чешкиот производител на автомобили продаде во првите три месеци од 2014-та година рекордни 247.200 возила, што претставува раст од 12 проценти на годишно ниво. Само во март месец продажбата порасна за 14.6 проценти на годишно ниво и достигна 96.100 возила. Па според податоците на „Škodа“, ова е најдобар резултат во првото тромесечие и најдобар резлутат за месец март во историјата на компанијата.

Во текот на целата 2013-та година, „Škoda“ на купувачите им испорача 920.900 возила или два проценти помалку од 2012-та година. Новата „Octavia“, клучниот модел на компанијата, во март оствари за 49 проценти поголема продажба во западна Европа, а 47 проценти во средна Европа.

Во западна Европа, „Škoda“ ја зголеми продажбата за 18,7 проценти, на 45.500 возила, а во целото прво тромесечие за 15,6 проценти или на 104.400 автомобили. Со тоа чешкиот производител за прв пат успеа на западноевропските купувачи да им продаде повеќе од 100.000 возила во еден квартал.

На најголемиот пазар во светот, Кина, „Škoda“ во март продаде 20.300 возила и со тоа ја зголеми продажбата за 10 проценти на годишно ниво. Кварталниот раст на продажбата бил 7,5 проценти или испорачани 62.000 возила.

Во јуни на пазарот за прв пат ќе се појави новата „Octavia“ во верзија со „G-TEC“ на земјен гас, а во август новата „Octavia Scout“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП