14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Цврсто верувам во Грција

Меркел: Цврсто верувам во Грција

Angela-Merkel-007

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Атина изјави дека „цврсто верува“ во можноста Грција да излезе од кризата, „по многу, многу тешката фаза“.

„Цврсто верувам дека по многу, многу тешката фаза, оваа земја има безброј можности кои не ги воочиле сите и на кои може да се гради по тешкиот пат“, рече канцеларката на состанокот со младите грчки претприемачи.

„Сакам тука да фрлам поглед на иднината и да разговарам со млади луѓе кои преземале иницијатива“, рече Меркел.

Меркел сакаше да покаже дека ги разбира проблемите на младите претприемачи и на обичните Грци, споредувајќи ги петте години криза низ која поминуваше земјата, со периодот на германското соединување на почетокот на 90-тите години. Таа истакна дека финансиските проблеми се заеднички на младите претприемачи во двете земји.

Таа посака грчката инвестициска банка, чие формирање е во тек и во кое учествува и Германија со 100 милиони евра, да помогне во решавањето на проблемот со ликвидноста.

„Верувам дека Грција, по преземените структурни реформи, и со реформите кои остануваат да се спроведат, пред себе има повеќе можности отколку тешкотии, иако многумина тоа уште не го гледаат“, рече Меркел.

По состанокот со економистите, Меркел ќе одржи конференција за новинарите со грчкиот премиер Андонис Самарас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП