17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМислите дека не поседувате таленти? Се лажете!

Мислите дека не поседувате таленти? Се лажете!

searching

Бидете сигурни дека сте талентирани за нешто. Ако не се согласувате и мислите дека талентите вас ве заобиколиле, тоа значи само дека сеуште не сте се запознале добро самите себе. Не постои таков што во себе не носи некој дар.

Маркус Бекингем, автор, претприемач и мотивациски говорник, во својата книга „Now, Disover Your Strengths“ вели дека „многумина никогаш не ги пронаоѓаат своите природни таленти и сили, дали поради тоа што не веруваат дека ги имаат или не го разбираат нивното значење, а тие се, всушност, клучот до секој успех“.

Вашата сила лежи во вашиот талент. И Бекингем вели: „Највеќе простор за развој на секоја личност има во областите во кои лежи нивната сила“.

Според Бекингем, талентот не е нешто што сте го научиле во училиште, туку природен шаблон на вашите мисли, чувства и однесување. За да ги откриете своите таленти и сили, морате подобро да се запознаете себеси. Кога ќе го откриете и во целост ќе го прифатите тоа по што сте посебни, ќе можете на основа на тоа и да профитирате. Ова е процес кој го предлага и кој ќе ви помогне да ги идентификувате своите уникатни таленти и сили:

 Откријте кога се чувствувате силно

Внимателно во наредните два дена следете што правите, како се чувствувате и за што размислувате. Забележете се што ви дава сила во тие два дена и прави да се чувствувате силно. Тоа може да биде дружењето со пријателите, шетањето или некоја ментална активност како што е решавање на тешка задача. Откријте кои се тие работи кои често ги правите и во кои уживате, а потоа добро размислете кој дел од тие активности прави да се чувствувате добро.

Пронајдете шаблони во своите однесувања и размислувања. Што е тоа што работите, мислите или чувствувате, а да не можете од тоа да се воздржите?

Откријте на што трошите пари

Тоа, на што ги трошите вашите пари, зборува многу за вашите суштински вредности. Доколку трошите пари на излегувања со вашите пријатели, запрашајте се дали е тоа затоа што сакате да ги приближите луѓето едни кон други? Или, сакате да бидете во центарот на вниманието? Или, сакате да ги разбудите веќе постоечките односи со пријателите? Секогаш прашувајте се зошто го правите тоа што го правите, што се крие зад вашите постапки или подобро е да се каже, кој се крие зад таквите постапки.

Прашајте ги другите што мислат за вас

Откријте што другите ценат кај вас. Прашајте ги пријателите и членовите од семејството како би ве опишале, и која ваша особина најмногу ја сакаат. Оваа вежба не само што ќе ви ја подигне самодовербата, туку и ќе ви открие некои нови страни на вашата личност. Често не се гледате на начин на каков ве гледаат другите. Талентите и силите се дел од вашата личност до таа мерка што вие и не им посветувате внимание, ги земате здраво за готово, несвесни за нивното постоење и суштинска важност за вашиот успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП