17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ подготвен да и позајми на Украина

ММФ подготвен да и позајми на Украина

mmf2

Меѓународниот монетарен фонд е подготвен да и додели заем на Украина, бидејќи долгот на таа земја е оддржлив, изјави шефот на одделот на ММФ за Европа, Рез Могодам.

„Украинскиот долг е оддржлив“, изјави Могодам на конференцијата за новинари во текот на пролетното заседавање на Светската банка, а пренесува Ројтерс. Тој, исто така, укажа дека надворешниот долг на Украина, кој претрпи голема штета поради политичката криза во земјата и тензиите со Русија, во овој момент е на само 30 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

„Вкупниот долг на Украина оваа и наредната година ќе биде на околу 50 проценти од БДП“, изјави Могодам, оценувајќи го како оддржлив.

ММФ претходно вети дека во наредните две години ќе ги покрие финансиските потреби на Украина со 27 милијарди долари.

„Точниот износ на пакетот од ММФ ќе зависи од помошта која другите меѓународни кредитори, како што е Европската унија, ќе и ја доделат на владата во Киев“, заклучи Могодам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП