1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на американската банка Wells Fargo

Зголемен профитот на американската банка Wells Fargo

wells-fargo-sfSpan

Профитот на американската банка „Wells Fargo“ во првиот квартал се зголеми, благодарение на подобрувањето на квалитетот на кредитите, соопштија од оваа институција.

Овој најголем американски кредитор наведува дека заработката во првиот квартал изнесувала 5,6 милијарди долари, односно за 14 проценти повеќе во однос на истиот квартал минатата година, пренесува Франс прес.

„Нашите солидни резултати од првиот квартал укажуваат на способноста на нашиот разновиден деловен модел“, изјави извршниот директор на банката, Џон Штумф.

Загубите по основ на кредитите во периодот јануари-март изнесуваа 825 милиони долари во споредба со 1,4 милијарди долари од истиот период минатата година, а за подобреното работење на банката придонесе и фактот дека потрошувачите навремено ги платиле своите обврски.

Вкупната вредност на одобрените кредити во тој период изнесувала 826,4 милијарди долари, што е за 4,2 милијарди долари повеќе во однос на истиот квартал пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП