
Златен Даб повторно се појавува на пазарот во подновено издание, во нова стаклена амбалажа од половина литар.


Златен Даб повторно се појавува на пазарот во подновено издание, во нова стаклена амбалажа од половина литар.
Новиот полалитарски Златен Даб со промените добива изглед на пиво што може да се мери со познатите пивски брендови. Во стаклена амбалажа со зелена боја, транспарентна етикета и „pull off“ капаче, сите овие новитети се во функција на подобрен квалитет на пивото, изглед, подобрена линија на шишето.

Пивото во зелено шише е одлика на најпознатите светски пива и е симбол на традиција во правење пиво. Додека пак стаклената амбалажа ги заштитува свежината и карактеристиките на пивото. Новиот Златен Даб од 0.5 л на тоа ги додава уште и транспарентната етикета и „pull off“ капаче со што станува пиво создадено за сите пивопијци. Овој пат Златен Даб од 0.5 л е со повратна амбалажа.
Оваа година Прилепска пиварница прославува 90 години постоење, а долгогодишната традиција во производство на македонско пиво ќе ја прослави со отворање на Академија за пиво чија цел е едукација дека пивото не е само пијалак за освежување, туку дека има и многу други бенефити по здравјето на луѓето. На Академијата ќе учествуваат врвни пивски експерти и еминентни стручњаци од пиварската индустрија од овие простори, но и од други европски земји како Германија и Австрија.