11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекламирањето на Фејсбук поскапо за десет проценти

Рекламирањето на Фејсбук поскапо за десет проценти

oglasuvanj fb

Покрај тоа што „Фејсбук“ значително го намали опсегот на брендовите, беше забележано дека цените за рекламирање во овој квартал, за разлика од минатиот, пораснале за десет проценти.

Имено, во првиот квартал продажбата на рекламите на „Фејсбук“ паднаа во однос на последното тромесечие од минатата година, меѓутоа без оглед на се, приходите од рекламирањето останаа непроменети.

Аналитичарот Роберт Пек истакна дека тоа е успех за „Фејсбук“ со оглед дека во четвртиот квартал е инаку период во кој се трошат многу повеќе пари, затоа што станува збор за период на празници.

„Зголемувањето на цената на рекламите и нивото на трошење покажува дека имало помалку впечатоци, но со поголеми вредности“, истакнува Пек.

Од „Фејсбук“ несакаа да ги коментираат овие информации надвор од својот квартален извештај, кој е закажан за крајот на април, кога ќе бидат познати повеќе информации.

Брендовите кои одлучија да го користат „Фејсбук“ за промоција на своите услуги и производи почнаа повеќе да трошат, затоа што нивните реклами реално доаѓаат до се помалку корисници. Односно плаќаат повеќе по таргетиран корисник. Истовремено, некои брендови размислуваа за нови онлајн стратегии.

Една компанија која се рекламира на „Фејсбук“, исто така приметува раст на цената на огласите, но вели дека подоброто таргетирање доведува до поголем број на кликнувања и додава дека цената за рекламирање на „Фејсбук“ е многу помала за разлика од огласувањето преку другите сервиси.

„Друштвените медиуми и натаму се најевтини во секоја смисла за маркетинг на брендовите“, сметаат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП