29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMetro ги затвори продавниците во Крим

Metro ги затвори продавниците во Крим

impzVdSUALV0

Германскиот трговски ланец „Metro“ привремено ги затвори продавниците во Крим, пренесува Итар тас.

Шефот на прес-службата на „Metro“ за Украина Олесја Оленичкаја потврди дека се затворени двете продавници на тој ланец кои се наоѓаат во Крим, во Симферопол и Севастопол.

Од централата на маркетот изјавија дека во маркетите се прави годишен попис и дека набрзо очекуваат тие да бидат отворени, но гласините велат дека по целосната ревизија објектот ќе прејде под надлежност на руското одделение.

Германскиот ланец хипермаркети „Metro“ има 750 продажни центри во 29 земји. Во Русија е присутен од 2000 година со 72 продавници. Секоја година прометот на групацијата во Русија надминува четири милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП