1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Блиц“: Летово почнува изградбата на „Јужен поток“ во Србија

„Блиц“: Летово почнува изградбата на „Јужен поток“ во Србија

juzen-potok1-564x272

– Проектот „Јужен поток“ во Србија оваа година преминува во активна фаза на реализација и главните градежно-монтажни работи се очекува да почнат при крајот на вториот квартал од 2014 година, согласно донесениот план, изјави шефот на Одделот за управување со проектите во „Газпром“, Леонид Чуганов.

Како што објави белградскиот весник „Блиц“, зборувајќи за значењето на „Јужен поток“ за Србија, Чуганов потсети дека од 24 ноември 2013 година со полна пареа се изведуваат подготвителните работи, завршува процесот на регулирање на имотните прашања за земјиштето низ кое ќе минува главната делница и се изведува државна техничка контрола на проектната документација.

– Во процесот на проектирање и дефинирање на клучните технички параметри на „Јужен поток“ ние особено водевме сметка за прашањата на еколошката безбедност и минимизирање на влијанието врз животната средина. Имаме намера да употребиме најсовремена технологија при почитување на најстрогите еколошки барања, изјави Чуганов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП