28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагрозен врвниот рејтинг на Британија поради Шкотска

Загрозен врвниот рејтинг на Британија поради Шкотска

britanskibanki1

Велика Британија ќе има потреба од повеќе време за повраток на врвниот кредитен рејтинг „ААА“ ако Шкотска на референдумот во септември изгласа независнот.

Тоа го соопшти американската агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Fitch“.

„Доколку Шкотска прогласи независност, тоа ќе се одрази на зголемувањето на односот на долгот кон бруто домашниот производ (БДП) на Британија, бидејќи Лондон вети дека ќе ги преземе сите постоечки долгови на британската влада, а дека потоа од новата шкотска влада ќе побара придонес“, пренесува Ројтерс.

„Со цел Британија да го врати врвниот кредитен рејтинг, нејзиниот однос на долгот кон БДП ќе мора да биде значително помал од актуелниот, како и да бележи континуиран пад“, се наведува во соопштението на „Fitch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП