23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAgrokor доби 600 милиони евра кредит од Sberbank

Agrokor доби 600 милиони евра кредит од Sberbank

Agrokor11

„AGROKOR“ и „Sberbank“ најавија заем од 600 милиони евра за време на свеченото потпишување на Меморандумот за разбирање за соработка. Договорот го потпишаа Херман Греф, претседател на извршниот одбор на групацијата „Sberbank“ и Ивица Тодоровиќ, претседател на „Agrokor“.

„Sberbank“ од Русија ќе учествува со 500 милиони евра, а „Sberbank Europe AG“ со 100 милиони евра, додека парите, како што велат од „Agrokor“, ќе бидат искористени за рефинансирање на постоечките финансиски обврски и натамошен развој на компанијата. Заемот е одобрен на 7 години.

„„Agrokor“ веќе две децении е присутен на меѓународниот пазар на капитал. Нашите партнери се најголеми светски инвеститори. Меѓутоа, добивката и потпишувњето на договорот со „Sberbank“ за „Agrokor“ e многу голема чест и задоволство“, изјави Тодориќ.

„Оваа трансакција, која е една од најголемите досегашни корпоративни трансакции за „Sberbank Europe“, ја покажува нашата намера да понудиме иновативни решенија за финансирање на нашите корпоративни клиенти“, рече Херман Греф, претседател на извршниот одбор на групацијата „Sberbank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП