9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch ја подобри прогнозата за Португалија

Fitch ја подобри прогнозата за Португалија

palacio queluz portugal

Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“ ја подобри прогнозата за Португалија на „позитивна“ и го задржи кредитниот рејтинг на оваа земја на ниво ББ+

„Fitch“ објави дека тоа е резултат на буџетските напори кои ги вложува владата во Лисабон, како и вкупната состојба на економијата која е на пат на закрепнување, три години откако земјата доби странска финансиска помош.

Португалија остварува добар напредок во намалувањето на буџетскиот дефицит, се наведува во соопштението на агенцијата „Fitch“, пренесува агенцијата АФП.

Португалија успеа да се извлече од рецесија и да го надмине незадоволството поради мерките за штедење. Буџетскиот дефицит е намален на ниво од 4,9 проценти од БДП минатата година од 6,4 проценти во 2012 година.

Сепак, вкупниот јавен долг порасна на 129 проценти од 124,1 проценти во 2012 година, и Португалија во моментов должи 213,63 милијарди евра.

„Fitch“ прогнозира дека португалската економија оваа година ќе порасне за 1,3 проценти, а во 2015 година за 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП