5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин испрати писмо до 18 европски лидери за дистирбуцијата на гас

Путин испрати писмо до 18 европски лидери за дистирбуцијата на гас

putinwriting1

Рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо до 18 европски лидери со кое ја предупредува Европа дека може да дојде до стопирање на дистрибуцијата на руски гас за европските земји, доколку Украина не и го исплати на Русија долгот за енергенсот, пишува „Росијскаја газета“.

Според весникот, писмото било адресирано до лидерите на Македонија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Молдавија, Романија, Полска, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка.

Во писмото до европските лидери Путин нагласува дека Украина и должи на Русија 17 милијарди долари, бидејќи повеќе не важат одредени отстапки, како и 18,4 милијарди долари, кои Киев треба да ги плати на име санкции за некористење на мининалното годишно количество гас, согласно договорот од 2009 година.

Путин нагласува дека на тој начин Русија изминатите четири години ја субвенционирала украинската економија на сметка на намалување на центата на гасот. Освен тоа во декември минатата година Русија и достави на Украина кредит во износ од три милијарди американски долари.

Рускиот претседател ги повика Русија и европските корисници на руски гас да ги разгледаат прашањата содржани во писмото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП