сабота, 4 февруари 2023
ПочетнаКОМПАНИИМилкооп - прва кооператива за трговија со млеко

Милкооп – прва кооператива за трговија со млеко

mleko1

Подобро искористување на потенцијалите во примарното млекопроизводство преку здружување на фармерите е целта на првата кооператива за трговија со млеко „Милкооп“ што веќе почна со работа.

Формирана е од фармери за нивно подобро организирање, развој и поголема сигурност во работата.

Како што велат од „Милкооп“, идејата е, пред се, заштита на интересите на членовите и кооперантите. Секоја инвестиција ќе придонесе за повисок квалитет на млекото, подобри откупни цени и повисоко позиционирање во синџирот на набавки.

За своите кооперанти „Милкооп“ ќе понуди добра откупна цена. Воедно, на фармерите ќе им биде понудена квалитетна добиточна храна на одложено плаќање по прифатлива цена, обуки за хигиена на фарма и исхрана на кравите, правни совети, ветеринарни совети, проверка на квалитетот на млекото, но и помош околу обезбедувањето субвенции. Млекото ќе се продава на оние млекопреработувачи кои ќе обезбедат најдобри услови за откуп врз основа реални економски параметри.

„Милкооп“ ќе функционира согласно националната стратегија за развој на производството на квалитетно млеко. Ќе работи според законските определби и ќе соработува со сите надлежни институции во државата. Поддржана е од Федерацијата на фармери, а веќе има остварено средби и со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП