19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarks & Spencer покажува знаци на закрепнување

Marks & Spencer покажува знаци на закрепнување

marks_and_spencer_1106ded3w

Планот за реконструкција на британскиот малопродажен ланец „Marks & Spencer“ конечно започна да дава резултати, така што падот на продажбата на облека и храна е забавен во четвртиот квартал од тековната фискална година, завршена на крајот на март.

И покрај ова подобрување, „Marks & Spencer“ за цела фискална година очекува бруто маржа пониска за 20 процентни поени, поради големите трошоци за промоции кои беа неопходни поради зголемување на продажбата, пренесува Ројтерс.

Продажбата на облека во продавниците кои се отворени подолго од една година е намалена за 0,6 проценти, додека аналитичарите очекуваа пад од 0,5 до 1,5 проценти. Меѓутоа падот на продажбата сепак е забавен, бидејќи во претходниот квартал тој изнесуваше 2,1 проценти, додека во четвртиот квартал една година претходно изнесуваше 3,8 проценти.

Продажбата на храна, која сочинува 50 проценти од приходите, е зголемена за 0,1 проценти во извештајниот квартал, додека аналитичарите предвидуваа раст од 0,5 проценти.

За тековната деловна година компанијата очекува подобра бруто маржа од онаа која првично се очекуваше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП