2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Ја почитувам одлуката на ЕЦБ

Лагард: Ја почитувам одлуката на ЕЦБ

kristin_lagardnfuebg77g38ge9dgd8gs7f67dd

Само прашање на време е кога Европската централна банка (ЕЦБ) ќе преземе акции за борбата против дефлацијата, изјави Кристин Лагард.

На прашањето за минатонеделната одлука на ЕЦБ да не презема дополнителни акции, и покрај предупредувањата на ММФ за многу ниската инфлација во еврозоната, Лагард која е директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) истакна дека таа ја почитува одлуката на централната банка.

Според нејзините зборови, ЕЦБ обезбеди потврда дека е подготвена да ги усвои „неконвенционалните“ монетарни мерки за стимулирање на економијата ако тоа биде потребно.

Истовремено, Лагард го повтори повикот на главниот економист на ММФ, Оливие Бланшар, упатен до ЕЦБ, оваа институција да преземе акции во борбата против дефлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП