10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската „Таурус фармс“ со почетна инвестиција од 5 милиони евра во био-плантажа...

Германската „Таурус фармс“ со почетна инвестиција од 5 милиони евра во био-плантажа во Богданци

organic-apple

Првата фаза од инвестицијата во Македонија, германската компанија „Таурус фармс“ ја заврши со засадување 15 хектари био-плантажа со јаболка и круши во Богданци, за кои се инвестирани 5 милиони евра.

Менаџерот на компанијата,Томас Шварц, денеска информира дека паралелно со ова заврши и изградбата на складишно-откупен центар кој есенва треба да ги собере и спакува првите плодови.

Шварц нагласи дека ова е ултра модерна био-плантажа во која се работи по европски стандарди. Има ангажирано 10 постојано вработени и 120 сезонски работници на плантажата во Богданци, а ќе се вработат уште 50 лица на трите плантажи на околу 30 хектари кои се во фаза на подготовка.

– Сонцето, одличната почва и поволната бизнис клима не донесоа во Македонија каде што планираме долгорочен работен век, потенцира менаџерот Томас Шварц и додаде дека планот на компанијата е да засади вкупно 500 хектари овошки, а во скоро време ќе почне да гради и ладилници на површина од 2.500 хектари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП